Русија не доби согласност за именување на нов амбасадор во САД

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Руската страна се уште не добила согласност за именување на нов амбасадор во САД, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Во медиумите на крајот на ноември се појавија информации дека најверојатен кандидат за функцијата руски амбасадор во САД би можел да биде Александар Дарчиев, шеф на Северноамериканскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи.

Засега нема официјална потврда за оваа информација.

Слични содржини