396
Командантот на Источната група на вооружените сили на Украина, Олександар Сирски изјави дека Русија во битката кај Бахмут воведува нови јуришни единици на платеничката група Вагнер, борци на други приватни компании и падобранци, но тие не успеваат да го заземат Бахмут.
Сирски рече дека во некои делови на вооружените сили на Украина успешно извршуваат контранапади, соопшти прес-службата на вооружените сили на Украина.
Според Сирски, интензивните борби продолжуваат кај Бахмут, а руските сили извршиле бројни напади, обидувајќи се да ја пробијат украинската одбрана во неколку правци, но овие напади биле одбиени, наведува Интерфакс Украина.
Сирски ситуацијата во Бахмут ја оцени како комплицирана.