Русија откри што се случило со Навални

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Руската Федерална управа за извршување на кривични санкции потврди дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен во друг затвор, но се уште не е јасно каде точно се наоѓа.

Надлежните само потврдија дека објектот во кој е префрлен Навални не се наоѓа во Владимирската област, каде што тој досега ја издржуваше затворската казна.

Според соопштението, Навални е префрлен од затвор според правосилната пресуда, која судот во Москва ја донел уште во август.

Тогаш Навални доби дополнителни 19 години затвор.

„Известувањето за пристигнувањето на Навални на ново одредиште ќе биде извршено во согласност со постоечките закони“, се наведува во соопштението.

Неговите адвокати велат дека не можат да стапат во контакт со Навални од 5 декември.

Слични содржини