Русија отвори истрага за тероризам откако товарен воз излета од шините

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Руските истражители отворија истрага за тероризам откако голем товарен воз излета од шините поради наводна експлозија на бомба од домашно производство поставена на железничка пруга во регионот Рјазан, соопшти денеска истражниот комитет.

Според истрагата спроведена во саботата наутро, експлодирала импровизирана експлозивна направа. Поради експлозијата, 19 вагони од товарниот воз скокнале од шините, се наведува во соопштението на истражниот комитет, пренесува Ројтерс.

Едно лице, помошник машиновозач, е полесно повредено во оваа железничка несреќа во Рјазанскиот регион, соопштија Руските железници, нагласувајќи дека поради инцидентот нема опасност по животната средина, пренесе претходно РИА Новости.

Слични содржини