Пет лица загинаа во пожари во сибирскиот регион Краснојарск, соопшти денеска регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации.
„Во населеното место Николск пожарот зафатил 20 згради, а таму според првичните извештаи животот го загубиле две лица. Во населбата Талажанка 16 згради ги зафатило пламен, а според првите извештаи три лица загинале“, стои во соопштението, пренесува ТАСС.
Вонредна состојба е прогласена во регионот поради силен ветер.