Русија планира да направи 5 милиони дози на вакцини против коронавирус месечно во декември и јануари, изјави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, Александар Гинзбург.
„Според планот, се очекува компаниите да го достигнат целиот свој капацитет во декември или јануари. Капацитетот треба да биде околу 5 милиони вакцини месечно, можеби и повеќе“, рече Гинзбург пред новинарите, пренесува Танјуг.
Доколку е така, целата држава ќе се снабдува со соодветен лек за една година, рече тој.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19 во светот, која ја изработи центарот „Гамалеј“.