Русија подготвува воена операција во Сирија против групата “Исламска држава” (ИД), тврди израелскиот електронско издание ynet, цитирано од БГНЕС. Следните денови во воена база во Сирија ќе пристигнат руски воени пилоти кои ќе атакуваат врз целите на ИД со борбени авиони и хеликоптери.

Според западни дипломати првите руски воени веќе пристигнаале во Сирија и се сместени во база крај Дамаск, која е контролирана од режимот на претседателот Башар Асад. Тоа ќе биде главната база на идните воздушни операции. Претстои пристигнувањето на советници, инструктори, логистички и технички персонал, воздушна одбрана персонал и самите пилоти Западни дипломати истакнуваат дека администрацијата на Обама е целосно во текот на рускиот план за директна интервенција во Сирија, но се уште не реагирала.
Отсуството на опозицијата од страна Вашингтон против овој план се совпаѓа со прекин на повиците за отстранување на режимот на Асад. Западните дипломати потсетуваат исто за серијата преговори последно време меѓу Москва и Иран посветени на заканата која ИД ја претставува за режимот на Асад. Како резултат на тоа беше постигната стратешка одлука: да се направи сè што е потребно за да остане Асад на власт, за да остане Сирија како бариера против ширењето на радикалниот ислам во поранешните советски републики.
Нема сомнение дека воените операции на Русија во небото на Сирија ќе ја менуваат постојната слика во Блискиот Исток. Русите немаат планови за операции против Израел или други земји од регионот и нивната главна цел е ИД. Но нивното присуство ќе претставува предизвик за операциите и на израелската борбена авијација во Блискиот Исток.