Русија повикува за итни мерки против Северна Кореја

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Ракетна и нуклеарна програма на Северна Кореја треба да бидат прекинати, а проблемите на Корејскиот полуостров треба да бидат решение по мирен пат, изјави во вторникот постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензи по консултациите во Советот за безбедност, пренесува Тасс .

“Ги повикуваме за целосно почитување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Пјонгјанг треба да прекине овие програми “, истакна Небензи. Истовремено, тој појасни дека “членовите на Советот за безбедност треба да бараат мирно, дипломатско и политичко решение на проблемот на Корејскиот полуостров” .

“Ние сме против извршувањето на ракетни тестирања од страна на Северна Кореја, но како повеќепати сме нагласувало обидите да се реши прашањето на Корејскиот полуостров преку санкции и притисок се неефикасни. Овој пат нема да ни го даде посакуваниот резултат. Освен тоа тој начин не предвидува можност за започнување на конструктивни преговори со Пјонгјанг “, додаде постојаниот претставник.