Русија предупредува: Можна е нуклеарна војна поради проблемите со меморијата на Бајден

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Прашањето за „случајна“ нуклеарна војна, по вина на САД, станува сè поактуелно, меѓу другото, и поради проблемите со меморијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Михаил Попов.

„Ова прашање се почесто се слуша и е сè поактуелно. Особено по неодамнешното објавување на извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, назначен да го истражува случајот со доверливите документи кои Џозеф Бајден и неговото опкружување ги изнеле од Белата куќа. Обвинителот го опиша американскиот претседател како постар човек со проблеми со меморијата, кој во многу случаи тешко може да се сети на основни факти и детали“, рече тој во интервју за весникот „Известија“.

Во исто време, како што потсети Попов, Бајден е единствениот во САД кој може да нареди нуклеарен напад.

Во тешката и нервозна внатрешно-политичка ситуација во Соединетите Американски Држави, цената на грешките во управувањето значително се зголеми.

„И не е далеку од глобална катастрофа“, додаде заменик-секретарот на Советот за безбедност.

Помеѓу стручни поединци повремено има размислувања дека контролата на американското нуклеарно оружје е во сомнителна состојба, наведе Попов.

„Американскиот нуклеарен штит во суштина напукна по тајната хоспитализација на шефот на Пентагон, Лојд Остин“, рече тој.

Слични содржини