Русија преговара со Хамас: Бара ослободување на заложниците

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Михаил Богданов, заменик-министерот за надворешни работи на Русија, во разговор со претставници на Хамас побарал ослободување на заложниците кои ги држи палестинската екстремистичка организација во Појасот Газа.

Богданов разговарал со заменик-претседателот на Политичкото биро на Хамас, Муса Абу Марзук, генералниот секретар на Палестинската демократска унија, Салех Рафат и високиот функционер на Народниот фронт за ослободување на Палестина, Махер Тахер.

„Разговарано е за повеќе прашања поврзани со острата ескалација на палестинско-израелскиот конфликт, со акцент на новонастанатата воена и хуманитарна ситуација во Појасот Газа“, јавува министерството за надворешни работи на Русија, пренесува ТАСС.

Во соопштението се наведува дека „руската страна ја потврди својата принципиелна позиција за потребата од прекин на воените дејствија и итно решавање на сите појавени хуманитарни проблеми, вклучително и ослободување на заложниците“.

Во неделата рускиот претседател Владимир Путин разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој изрази незадоволство од „анти-израелските ставови“ на рускиот амбасадор во Обединетите нации.

Слични содржини