365
Едно лице загина во нов руски напад со дронови врз пристанишни објекти во Измаил, регионот Одеса, Украина, на реката Дунав, изјави локалниот гувернер Олех Кипер.
Москва не се огласи во врска со овој напад.
Русија веќе го има напаѓано со дронови градот Измаил, кој е одделен од Романија, членка на НАТО, со реката Дунав.
Русија повеќе од еден месец ги гаѓа украинските пристанишни објекти долж Дунав, обидувајќи се да ја спречи Украина да ја користи реката за извоз на жито.
Украина е еден од најголемите светски извозници на пченица и пченка.