Русија, САД и Кина градат нови постројки на полигони за нуклеарни тестови

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Русија, САД и Кина изградија нови објекти и ископаа нови тунели на нивните локации за нуклеарни тестирања во последниве години, според сателитски снимки до кои дојде Си-Ен-Ен.

Иако нема докази што сугерираат дека Русија, САД или Кина се подготвуваат за неизбежна нуклеарна проба, фотографиите добиени и доставени до американската телевизија од страна на истакнат воен аналитичар покажуваат неодамнешни проширувања на три локации за нуклеарни тестирања.

Едната локација се наоѓа во Кина, во крајниот западен регион Ксинџијанг, другата е во Русија, во архипелагот на Арктичкиот океан, а третата припаѓа на САД и се наоѓа во пустината Невада.

Слични содржини