
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека Соединетите држави намерно го уништуваат системот на стратешка стабилност, затоа што веруваат дека имаат ексклузивно право на такво однесување.
Захарова за „Русија 1“ изјави дека стратешката стабилност и сите придружни документи претставуваат правна рамка за државни активности и дека САД тоа систематски го уништиле, наведувајќи го како пример договорот за ракети со среден дострел и одбивајќи да ги ратификуваат договорите за нуклеарно тестирање.
„Значи, ова не се само зборови, тоа се факти кои покажуваат дека Соединетите држави намерно го уништуваат системот на стратешка стабилност“, рече Захарова.
Русија ја потврди намерата да го спроведе Договорот за отворено небо, чија судбина ќе биде решена на конференција на земјите-членки на НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот објави дека Соединетите држави ќе се повлечат од Договорот за отворено небо, кој предвидува инспекциски летови над териториите на земјите членки на договорот, со цел да се следат воените активности.