Руската амбасада во Вашингтон нема добиено официјален допис од американската страна во врска со американските државјани кои биле заробени во Украина, изјави амбасадорот Анатолиј Антонов.
„Не се обратиле до амбасадите“, рече Антонов.
Претходно портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека САД побарале од Русија информации за затворениците, но не добиле одговор, пренесува „Спутник“.