Русија ја користи целата своја огнена моќ, за да му помагне на сирискиот режим во оцвојувањето на Алепо, бидејќи се стреми кон воена победа со цел да изврши притисок врз САД и бунтовниците, сметаат експертите, прашани од “Франс прес”.

“Преговорите со Американците послужија како параван завеса за победа на време и подготовка за следната фаза од воените операции. Во очите на лојалистичката оска (сојузниците на сирискиот режим) дипломатијата е продолжение на војната со други средства”, коментира Томас Пјер, експерт за сириските проблеми од Единбург универзитет.
Целта на оваа оска е “да обезбеди (Башар) Асад убедлива победа” и “да отстрани секоја алтернатива, како и тоа да ја лиши опозицијата од таканаречената нејзината престолнина”. “Протерани од Алепо, востанието пак ќе се намали до размерот на провинциски бунт”, појаснува тој.
Западот гледа во активностите на Русија цинизам и ја држи одговорен за не успехот на примирјето.
“На Русија паѓа товарот да докаже дека е подготвена и способна да преземе итни чекори за да се спаси дипломатските напори” со цел враќање на примирјето во Сирија, изјавија во заедничко коминике САД, ЕУ и министрите за надворешни работи на ред страни од заедницата.
Примирјето влезе во сила на 12 септември по тешки преговори меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров, но издржа едвај недела.
Покрај прекин на огнот, договорот предвидуваше снабдување на хуманитарна помош, особено во Алепо, каде што луѓето гладуваат во жестоката опсада, и оддалечување на бунтовничките групи од нивните браќа по оружје – џихадисти од Џебхат Фатах аш фстаци, поранешниот “Фронт ан Нусра (сирискиот гранка на “Ал каеда”). Никој од овие обврски не беше испочитуван и војната беше обновена со уште поголема сила.
“Дијалогот е невозможен”
Руските авиони со седиште во Сирија, од четврток вечерта ги напаѓаат бунтовничките квартови во Алепо пожестоко од кога и да било од почетокот на воената интервенција пред една година.
Стремежот на Москва е “да ја ликвидира суштински зоната на отпор од страна на бунтовниците”, истакнува Игор Сутјагин, експерт за проблемите на Русија во лондонскиот Кралски институт за истражувања во одбраната (RUSI). Потоа властите ќе треба само да си ги вратат провинција Идлиб и неколку проблематични региона, прецизира тој.
Од самиот почеток на војната Москва секогаш го поддржувала сирискиот претседател во неговите активности против бунтовниците, во односите со Западот и земјите од Заливот – и на теренот и во ОН, но денес врските им се поблиски од кога, бидејќи по многу колебања Москва со сила го поддржува кона Алепо, односно одамна тоа го сакаше режимот.
“Русија веќе се доближува на начин на размислување до сириската влада”, нагласува Басам Абу Абдула, директор на Центарот за стратегиски истражувања во Дамаск. “Претходно таа беше повеќе сместена кон политичко решение и почна дијалог со Заливот, САД и други земји, но стана јасно дека овој дијалог е невозможен”, вели експертот близок до режимот.
Евентуална победа во Алепо ќе го стави официјален Дамаск во позиција на сила “, со цел на претстојните преговори”, да му понуди на претставникот на ОН Стефан де Мистура нешто, забележува Алексеј Малашенко – руски политиколог, специјалист за Блискиот Исток.
“Пријателство по принуда”
“Без Алепо Асад е само половина претседател. За да управува навистина, тој има потреба од Алепо”, уверува Фабрис Блан, специјалист за сириските прашања од Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика. Тогаш сирискиот лидер ќе може да се одважи дека ги контролира главните градови од земјата – Дамаск, Алепо, Хомс, кој го врати во 2014 година, и Хама.
“Русите и Сиријците се стремат да го заземат Алепо целосно и дури тогаш да преговараат со опозицијата”, додава Фјодор Лукјанов од рускиот Совет за надворешна и одбранбена политика. Според него “Алепо игра клучна улога”, бидејќи иднината “ќе зависи од поставеноста на фронтот меѓу завојуваните страни. И оваа линија треба да е стабилна”.
Дури и да го оставиме настрана битката за Алепо, соработката меѓу Москва и Дамаск е предмет на долгорочна логика, вели Алексеј Малашенко. “Асад не ќе може да добие ништо без Москва, а Русија за возврат добро разбира дека без Асад ќе биде истеран од Блискиот Исток. Тоа е пријателство по принуда!”, вели тој.
Погледот на разурнувањата во Алепо потсетува на урнатините во Грозни, каде руската армија го примени стариот принцип: “артилеријата освојува терен, а пешадијата го окупира”.
Експертите сепак ја истакнуваат разликата меѓу тактиката од Алепо и двете војни, предводени од Русија без поштеден против сепаратистите од Чеченија во 90-тите.
“Тактиката на руските војници во Алепо нема никаква врска со оваа од Грозни. Во Алепо цивилните жртви се бројат со десетици, ако судиме според западните медиуми; не станува збор за стотици убиени, како во Чеченија. Тоа се неспоредливи работи”, уверува независниот воен експерт Александар Голц.
Во тоа време руската армија презеде понекогаш стотина воздушни напади дневно, а за ефектот помагаше и катастрофалното влијание на артилеријата, и милување на Грозни.