Русија се повлекува од Договорот за забрана на нуклеарни тестови

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Русија ќе се повлече од Договорот за забрана на нуклеарни тестови, изјави денеска претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин.

„Заради безбедноста на нашата земја, ја повлекуваме ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови“, рече тој, пренесува ТАСС.

Пред гласањето во парламентот за повлекување од договорот за нуклеарно тестирање, Володин навел дека одлуката е донесена и поради лошите односи со САД.

„Русија го ратификуваше договорот (во 2000 година), но Вашингтон не успеа да го ратификува поради нејзиниот неодговорен однос кон глобалните безбедносни прашања“, рече тој.

Слични содржини