Русија се сомнева во одговорноста на ИД за терористичкиот напад во Моксва

„Внимание- прашање до Велата куќа: Сигурни сте дека е ИД? Не сакате уште еднаш да размислите за тоа?“ праша Захарова во статија за „Комсомолскаја правда“.

од Бети Божиноска
165 прегледи

Русија денеска фрли сомнеж врз тврдењата на САД дека терористичката Исламска држава е одговрна за терористичкиот напад на концерната сала во Москва во која загинаа најламку 137 лица, а 182 други се повредени, пренесува „Џерусалем пост“.

Во најсмртоносниот напад во Русија во последните две децении, четворица мажи упаднаа во „Крокус сити хол“ во петокот вечерта, пукајќи во посетителите на концертот непосредно пред рок- групата од советската ера „Пикник“ да го изведе својот хит „Не се плашам од ништо“.

На четворицата мажи, од кои најмалку еден е од Таџикистан, им е одреден притвор поради тероризам. Тие беа изведени пред московскиот окружен суд Басмани суд одделно и затворени од страна на службеници на Федералната служба за безбедност (ФСБ)

ИД ја презеде одговорноста за нападот, а САД јавно соопштија дека веруваат во тврдењето, по што милитантната група оттогаш објави, како што тврдат, снимка од нападот.

Американските власти рекоа дека претходно овој месец ја предупредиле Русија за разузнавачките информации за неизбежен напад. Двајца високи американски претставници изјавија во поетокот дека имаат разузнавачки податоци што го потврдуваат тврдењето на ИД.

Но, рускиот претседател Владимир Путин не ја спомна јавно исламистичката милитантна група во врска со напаѓачите, за кои рече дека се обиделе да побегнат во Украина.  Путин рече дека „некои луѓе од украинската страна“ биле подготвени да ги прокриумчарат вооружените лица преку граница.

Украина негираше каква било улога во нападот, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин дека сака да ја пренасочи вината за нападот кон Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изрази сомнеж во американските тврдења дека зад нападот стои ИД, која своевремено контролираше голема територија во Ирак и Сирија.

„Внимание- прашање до Велата куќа: Сигурни сте дека е ИД? Не сакате уште еднаш да размислите за тоа?“ праша Захарова во статија за „Комсомолскаја правда“.

Захарова вели дека САД шират верзија на „баба Рога ИД“ за да си ги оприкријат „птитениците“ вио Киев и ги посети читателите дека Вашингтон ги поддржуваше и муџахедините кои се бореа против советските борци во 1980’те години.

 

Слични содржини