Руските пратеници усвоија закон со кој се забранува промовирање живот без деца, во контекст на демографската криза и одбраната на традиционалните вредности. Текстот треба да го одобри горниот дом на парламентот на 20 ноември и да го потпише претседателот Владимир Путин.
Според законот, лицата кои промовираат живот без деца во медиуми, на филм или во реклами ќе бидат казнети со околу 4.000 евра, функционерите со двојно поголем износ, а правните лица со најмногу 47.000 евра.
„Го носиме овој предлог закон за да ги заштитиме нашите млади од бескорисните идеологии“, кажа Нина Останина, претседателка на Одборот за семејна политика на Думата, долниот дом на парламентот.
Освен одбраната на традиционалните вредности, законот треба да придонесе на решавање на демографската криза во Русија, наследена од советско време, која властите не успеваат да ја сопрат и покрај мерките за поддршка на наталитетот. Кремљ во јули ситуацијата ја оцени како „катастрофална за иднината на нацијата“. Во 2023 година стапката на наталитетот во Русија била 1,41 дете по жена, според руската агенција за статистика Ростат.