Русија собира 110.000 војници околу Покровск

Русија концентрира околу 110.000 војници во близина на источноукраинскиот град Покровск, објави украинскиот воен командант Олександр Сирски, нагласувајќи дека оваа зона е „најжешката точка“ на фронтот долг 1.200 километри.

од Марта Пешевска
47 прегледи

Покровск е стратешки важен град за Москва, која веќе речиси една година се обидува да го заземе, но украинската одбрана, вклучувајќи и ефективна употреба на беспилотни летала, ги успеала руските офанзиви.

Покрај тоа, руските сили неодамна ја презедоа контролата над наоѓалиштето на литиум во близина на селото Шевченко, што е важен ресурс за енергетиката и индустријата.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Украина успешно развила контрамерки за руските камикази беспилотни летала „Шахед“, кои веќе се користат во борбени услови.

Во меѓувреме, Русија мораше да прегрупира голем број војници по украинскиот напад во регионот Курск, што ја намали можноста за дополнително засилување на фронтот околу Покровск.

Слични содржини