Русија тестира вакцини против рак

од Milan1
48 прегледи

Русија започна клиничко испитување на новата вакцина „Ентеромикс“. За истражувањето се пријавени 48 волонтери, а досега се регистрирани минимални несакани ефекти од вакцината.

Како што соопшти руската новинска агенција ТАСС, во Русија веќе се развиваат неколку онковакцини, меѓу кои е и „Ентеромикс “ – онколитичка вакцина, на која работат експерти за радиологија од Министерството за здравство во соработка со Институтот за молекуларна биологија „Енгелхарт“ при Руската академија на науките.

Исто така, се развива персонализирана mRNA вакцина, проект на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Слични содржини