„Русија треба да разбере дека сојузниците на НАТО не се повлекуваат“

од Stefanija Kuzmanovska

НАТО ќе ги задржи претставници во Црното Море, без оглед на позицијата на Русија.

Ова го потврди во интервју за грузискиот „Прв канал“ специјалниот претставник на генералниот секретар на Алијансата за Јужен Кавказ и Централна Азија, Џејмс Апатурај.

Според Апатурај, Велика Британија му предала на НАТО информации за инцидентот со разорувачот.

„НАТО има цврст став кога станува збор за слободата на навигацијата и дека Крим е Украина, а не Русија. За време на овој инцидент, сојузниците на НАТО покажаа цврстина во одбраната на принципите што ги набројав. Русија треба да разбере дека сојузниците на НАТО не се повлекуваат, кога станува збор за ова прашање“, рече тој, пренесува „Спутник“.

Според претставниците на Алијансата, НАТО ќе ги остави своите претставници во Црното Море да ги поддржуваат сојузниците и партнерите.

„Ние потесно соработуваме со Грузија и Украина во однос на политички консултации и размена на информации“, додаде Апатурај.

Слични содржини