265
Руските сили соборија осум украински ракети насочени кон Крим, соопшти денеска руското министерство за одбрана.
Полуостровот Крим беше анектиран од Москва во 2014 година и редовно е цел на украински напади.
„На 30 октомври, околу 13 часот по московско време, обидите на режимот во Киев да ги нападне инсталациите на полуостровот Крим со осум крстосувачки ракети Storm Shadow беа спречени“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „сите проектили се соборени“.
Украина претходно објави дека синоќа „успешно погодила“ руски систем за противвоздушна одбрана на Крим.