Русија: Украинските сили извршија напад со хемиска муниција кај Соледар

од Stefanija Kuzmanovska
562 прегледи

Украинските сили со забранета хемиска муниција ги нападнаа руските позиции во близина на градот Соледар, во таканаречената Доњецка Народна Република во источна Украина, соопштија проруските власти.

„Украинските вооружени формации пукаа со хемиска муниција на нашите позиции кај Соледар. Кога се детонираат, испуштаат иритирачки чад што предизвикува горење на кожата, а луѓето губат свест кога го вдишуваат“, изјави за ТАСС Андреј Марочко, потполковник на Народната милиција на Народна Република Луганск, повикувајќи се на извори од линијата на фронтот.

Марочко истакна дека специјалците на руските сили за радијација, хемиска и биолошка одбрана во моментов го утврдуваат видот на отровот што украинските војници го користеле во нападот, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини