Русија: Уништени четири украински ракети и два дрона над регионот Белгород

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Четири украински ракети RM-70 Vampire се уништени во текот на ноќта над регионот на Белгород и пресретнати се два дрона, соопшти министерството за одбрана на Русија.

Како што наведе министерството, нападот се случил во 02:40 часот по локално време, а во Белгород и регионот предупредувањето за воздушна опасност било во сила до седум часот наутро, пренесува РИА Новости.

Како што објавил гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм, според прелиминарните податоци, во нападот нема жртви.