277
Руската Државна Дума денеска усвои закон со кој се забрануваат сите медицински интервенции насочени кон промена на полот на една личност.
Тоа е всушност нов член кој е додаден во Законот за основите на здравствената заштита на граѓаните на Руската Федерација, пренесува ТАСС.
Законот предлага и поништување на бракот доколку еден од брачните другари во меѓувреме го променил полот, а притоа на брачниот другар кој го променил полот ќе му се забрани да посвојува деца.