Русија воведува затворска казна за оние кои ќе избегнуваат да служат воен рок

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Русија наскоро ќе воведе затворски казни за луѓето кои избегнуваат да служат воен рок, изјави московски официјален претставник.

Законот кој официјално ќе ја донесе оваа промена ќе биде претставен пред Државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, оваа есен, изјави претседателот на комисијата за одбрана.

Оние кои ќе бидат прогласени за виновни се соочуваат со парична казна од половина милион рубљи или до пет години затвор.

На социјалните мрежи во Русија веќе се појавија гласини за нов бран на мобилизација оваа есен. Роднините на веќе мобилизираните се жалат дека треба да се обезбеди ротација на војниците на линијата на фронтот.

Русија се обидува да натера повеќе мажи да се пријават за да служат во министерството за одбрана почнувајќи од оваа пролет.

Кабини за пријавување волонтери се поставени во близина на метро станиците и деловните центри, плакати и огласи со повик за војска се насекаде низ Москва.

Претходно оваа недела, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека оваа година досега се распоредени 231.000 нови војници.

Слични содржини