Сергеј Рјабков, заменик-министер за надворешни работи на Русија, ги нападна Финска и Шведска поради нивната одлука да влезат во НАТО.
„Никој не треба да има илузија дека Русија едноставно ќе гледа и ќе молчи и ќе го прифати влезот на Шведска и Финска во НАТО“, рече тој, додавајќи дека тој потег „нема да ја зголеми безбедноста во двете земји“.
„Глобалната ситуација радикално ќе се промени по одлуката на Шведска“, додаде тој. Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов синоќа изјави дека војната во Украина се повеќе го вовлекува Вашингтон во конфликт со Москва.
Тој вели дека ситуацијата е „исклучително опасна“.
„Денешната ситуација е крајно, крајно опасна. САД влегуваат во подлабок конфликт со најнепредвидливи последици за односите меѓу двете нуклеарни сили“, изјави Антонов на руска телевизија.