Русија забележа рекорден број на смртни случаи од ковид во изминатите 24 часа – дури 1.241, додека вкупниот број на заразени со коронавирус за време на пандемијата во земјата надмина девет милиони, пренесе агенцијата АП.
Националната работна група за коронавирусот соопшти дека денеска се регистрирани 39.256 новозаразени лица, со што вкупниот број на заболени во земјава се искачи на 9,03 милиони.
Агенцијата АП потсетува дека во петокот во рускиот парламент пристигнале два закони, кои предвидуваат нови рестриктивни мерки, кои треба да стапат на сила следната година.
Тие предвидуваат дека пристапот до многу јавни места, како и домашните и меѓународните возови и летови, ќе имаат само оние кои биле целосно вакцинирани, прелажале Ковид-19 или медицински ослободени од вакцинација.