Русија загрижена поради најавените воени вежби на Ерменија и САД

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Плановите на ерменските власти да одржат заеднички воени вежби со САД предизвикуваат загриженост, особено во моменталната ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков изјави за новинарите дека Русија ќе ги анализира овие информации и ќе ја следи ситуацијата, пренесува РИА Новости.

Ерменското министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека Ерменија и САД следната недела ќе одржат заеднички воени вежби во Ерменија.

Слични содржини