Русија предупреди за „болен одговор“ на секој потег на Европската Унија за запленување на замрзнатите средства, објави Ројтерс.
Предупредувањето дојде откако лидерите на ЕУ се состанаа во Брисел за да разговараат за план за користење на средствата како основа за „план за репарација“ од 140 милиони евра за Украина.
„Секоја иницијатива за конфискација од Брисел неизбежно ќе доведе до болен одговор. Ќе дејствуваме во целосна согласност со принципот на реципроцитет во меѓународните односи, врз основа на нашите сопствени интереси и потребата да се компензира штетата предизвикана на Русија. Секое дејство со руски средства без согласност на Русија е неважечко од гледна точка на меѓународното и договорното право. Не постои законски начин да се земат странски средства без да се погодат џебовите и престижот на оние што ги експроприраат“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Захарова инсистираше дека шемата на ЕУ покажува дека Европа „веќе не е безбедно место за финансиски средства“:
„Да им верувате на западноевропејците, вклучително и на „Еуроклеар“, со вашите средства сега значи целосно губење на нив. Ги повикуваме луѓето внимателно да размислат пред да преземат неодговорни дејствија.“, додаде таа.