Во раните утрински часови, западниот украински град Лавов беше потресен од експлозии, а локалните власти соопштија дека системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на руски воздушен напад
И градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, и регионалниот гувернер Максим Козитски ги повикаа луѓето да останат во засолништа бидејќи се очекуваат нови напади.
Западната половина на Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад, кој започна околу 02:00 часот по наше време.
Украинските војници, пак, ја пробија руската одбранбена линија кај Бахмут, изјави во понеделник командантот на копнените трупи на Киев, генералот Олександр Сирски.
Откако ги вративме селата Андријивка и Клишчивка, „беше пробиена противничката одбранбена линија“, рече Сирскиј, а пренесува воениот прес-центар. Тој додаде дека овие мали градови „биле важен елемент на руската одбранбена линија која се протега од Бахмут до Горливка“. Руските 72, 31 и 83 бригади „биле здробени и целосно ја изгубиле борбената способност“ во борбите кај Бахмут, изјави генералот Сирски.