Руската армија денеска започна воени вежби, како проверка на борбената готовност на свои единици распоредени во Ерменија, во време кога оваа земја сојузник се соочува со народни демонстрации и судири со соседен Азербејџан.
Русија во март започна големи воени маневри во кои беа вклучени ерменски војници и војници од двете сепаратистички грузиски републики Абхазија и Јужна Осетија.
Официјално Руската федерација има воени бази во Ерменија од 1995 година.
Ерменија, која е традиционален сојузник на Русија, повеќе години е во судири со Азербејџан поради контрола над регионот Нагорно-Карабах, за што двете држави имаат спор.
Веќе 2 месеци повеќе илјади луѓе учествуваат во антивладини протести во Ереван, против зголемувњето на цената на електричната енергија.
Во пресметката со околу десет илјади демонстранти, полицијата употреби водени топови, а нездоволните граѓани, почнаа да се собираат на главниот плоштад во Ереван.
По првите протести, полицијата уапси околу 200 лица. Некои од нив се обвинети дека фрлале камења и тули кон полицајците, додека демонстрантите ги обвинуваат властите за прекумерна употреба на сила и за полициско насилство.
Демонстрантите бараат од владата да го спречи поскапувањето на струјата. Тие извикуваат пароли против, како што велат, „грабежот со цената на струјата“, но сега бараат и ослободување на сите уапсени
Цената на струjата во Ерменија, од 1 август ќе поскапи меѓу 17 и 22 отсто.
Електростопанството и дистрибуцијата во земјата се во рацете на една руска компанија, која поскапувањето го оправдува со „постојаното намалување на вредноста„ на ерменската национална валута.
Официјална Москва соопшти дека „вимателно и одблизу„ ги следи случувањата во Ерменија, додека амбасадата на САД во Ереван изрази „загриженост„ и побара истрага за обвинувањата за полициско насилство во текот на двете досега одржани демонстрации.
Во неколку наврати рускиот министер за ндворешни работи Срегеј Лавров изјавуваше дека западот во Ерменија готви нова обоена револуција.
