Русија: Запрен нападот врз Азовстал, отворен хуманитарен коридор

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Руската армија одреди прекин на огнот во областа на фабриката за челик Азовстал и отвори хуманитарен коридор, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Со претставниците на украинската страна е постигнат договор за евакуација на ранетите војници во здравствените установи, пренесува РИА Новости.

Ранетите се префрлени преку коридорот во болницата во Новоазовск, на територијата на самопрогласената Доњецка Народна Република.