Русин го донесе првиот медал за Албанија во историјата

од Nikola Popovski
28 прегледи

Чермен Валиев, руски борач кој настапува под знамето на Албанија на Олимписките игри, успеа да го освои првиот олимписки медал за земјата, победувајќи го Виктор Расадин од Таџикистан со 6:2 во мечот за бронзениот медал.

Тој до оваа година настапуваше под знамето на Русија, по што реши да се префрли и да настапува за Албанија.

Албанија никогаш не успеала да освои медал на Олимписките игри, а нејзиниот прв настап беше во 1972 година во Минхен. Потоа немаше натпреварувачи се до 1992 година и оттогаш е дел од Игрите на секои четири години.

Инаку, ова беше прв настап на Валиев на Олимписките игри, а во 2021 година стана шампион во категоријата слободен стил на Светското првенство претставувајќи ја Русија.

Чермен Валиев е роден на 10 декември 1998 година во Северна Осетија и претходно беше повеќекратен шампион на Русија во својата категорија.

Медалот за Албанија значи дека Босна и Херцеговина останува единствената земја во Европа со повеќе од милион жители која никогаш не освоила медал на Олимписките игри.

Слични содржини