Русинка добила 544 сообраќајни казни: Олимписка шампионка се снимала додека поминувала на црвено

од Nikola Popovski
48 прегледи

Алина Загитова стана голема спортска ѕвезда во Русија откако го освои златниот медал на Зимските олимписки игри 2018 година. Но, тогаш славата го покажа своето вистинско лице.

Оваа арогантна Русинка моментално има 544 сообраќајни казни. Возачката дозвола ја добила пред пет години и смета дека за неа не важат истите правила како и сите останати.

Досега има добиено казни во вредност од околу 4.500 евра поради непочитување на прописите. Дури 401 пати била казнета поради пребрзо возење, 65 пати игнорирала сообраќајни знаци, 18 пати непрописно паркирала и дури 14 пати била казнувана поради недоволно свртување или возење по автобуска лента.

Пет пати била казнувана затоа што поминала на црвено светло. Само годинава добила 197 казни, но тоа не е доволно за да ѝ се одземе возачката дозвола во Русија.

Загитова оди дотаму што и се снима кога го прекршува законот. Дрската Русинка се снимила како поминува на црвено светло во своето возило марка „мерцедес“, а потоа го објавила видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alina Zagitova (@azagitova)

 

Слични содржини