Најмалку 63 руски војници загинаа во украинскиот напад врз градот во близина на Доњецк, во источна Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
Украинците тврдат дека во овој напад биле убиени околу 400 руски војници, пренесува Франс прес.
Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска во Макеевка, град окупиран од Русија источно од Доњецк.
Руското Министерство за одбрана извести дека вооружените сили на Украина извршиле напад со шест ракети ХИМАРС.
Комерсант наведува дека медиумите претходно пишуваа дека во единицата има и мобилизирани граѓани.
Руските и украинските медиуми претходно објавија дека нападот на тој град бил извршен во ноќта меѓу саботата и неделата.