Русите бесни на својата претставничка на Евровизија, еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska
746 прегледи

Претставничката на Русија, Манижа, настапи на овогодинешниот Евросонг во првото полуфинале, трет пат по ред, а нејзиниот настап ретко кого остави рамнодушен.

Имено, таа првично беше во огромен фустан, направен специјално за оваа пригода, во кој има материјали од многу делови на Русија, а кои ги украсувале разни народи кои живееле во најголемата земја во светот.

Сепак, наскоро се ослободи од тоалетата, па остана во црвена комбинација на облека, со која ѝ оддаде почит на работничката класа.

Манижа, која има 29 години, звучеше одлично додека ја пееше песната „Russian Woman“, а вревата која се направи околу нејзиното претставување на Русија на ова натпреварување не стивнува со недели.

Имено, многумина ѝ испратиле многу негативни коментари, бидејќи сметаат дека Русинките не треба да ги претставува некој што не е од нивната земја. Манижа е родена во денешен Таџикистан, кој некогаш бил дел од Советскиот Сојуз. Воспитана е во муслиманско семејство, а нејзиниот татко се противел неговата ќерка да биде пејачка, бидејќи тоа „не е добар избор за муслиманките“.

Под многу нејзини објави на социјалните мрежи, може да се најдат погрдни коментари за нејзиното потекло, додека на многумина им пречи и фактот што таа се залага за LGBTQ правата, кои се ограничени во Русија. Манижа имала само три години кога го напуштила Таџикистан поради војната и со семејството се преселила во Москва. Студирала психологија и свири на пијано.

Слични содржини