Украинскиот министер за земјоделство, Микола Солски, во средата изјави дека „значителна“ инфраструктура за извоз на жито во пристаништето Чорноморск во украинската област Одеса е оштетена од руски напад.
Во нападот се уништени и 60.000 тони жито во пристаништето што требаше да биде натоварено и испорачано преку Црноморскиот договор за жито пред 60 дена, рече тој.
„Ноќниот напад стави надвор од функција значаен дел од инфраструктурата за извоз на жито во пристаништето Чорноморск“, објави Солски на апликацијата за пораки Телеграм.
Русија ги нападна Одеса и блискиот Чорноморск, откако во понеделникот се повлече од договорот со кој се овозможува безбедно поминување на украинското жито преку Црното Море.
Украина соопшти дека станува збор за намерен и однапред смислен напад врз терминалите за жито и пристанишната инфраструктура.