Апартман на Крим во сопственост на семејството на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше продаден од руските власти на аукција.
Ова го соопшти руската државна новинска агенција ТАСС.
Апартманот од 120 квадратни метри во луксузното одморалиште Јалта на југот на полуостровот е продаден за 44,3 милиони рубљи (480.000 долари), што е речиси двојно повеќе од првичната понуда.
Имаше само двајца понудувачи. Официјален претходен сопственик на станот беше сопругата на Зеленски, Олена, која го купила во 2013 година, една година пред Русија да го окупира полуостровот. Тогаш Зеленски се уште бил актер.
Станот има три соби со поглед на Црното Море и палатата Ливадија, летната резиденција на Николај Втори, последниот руски император.
Купувачот Олга Липовечкаја изјавила за порталот Mash дека го купила апартманот поради неговата локација и клима на Крим, а не поради неговата историја.