Мнозинството Руси (74,8 проценти) ја одобруваат работата на рускиот претседател Владимир Путин, додека 78,5 проценти од граѓаните му веруваат, според анкетата на аналитичкиот центар ВЦИОМ.
Седум од 10 Руси изјавиле дека ја одобруваат работата на Путин како претседател, додека 14,6 проценти ја оцениле неговата работа негативно, а 16,7 проценти изразиле недоверба, пренесува РИА Новости.
Анкетата наведува дека 47,5 проценти од испитаниците ја одобруваат работата на руската влада, додека 20,9 проценти не ја одобруваат.
Исто така, 58,2 проценти од Русите изразиле доверба во премиерот Михаил Мишустин, додека 20,1 процент рекле дека не му веруваат.
На прашањето за која партија би гласале доколку изборите за Државната дума се одржат следната недела, 33,8 проценти од Русите ја навеле Единствена Русија, 10 проценти Либерално-демократската партија на Русија, 9,2 проценти Комунистичката партија, 8,4 проценти Новата народна партија и 5,3 проценти партијата Праведна Русија – Патриоти – За вистината.
Дополнително, 9,3 проценти од анкетираните Руси изразиле поддршка за вонпарламентарните партии.
Анкетата на ВЦИОМ-Спутник е спроведена телефонски со метод на случаен примерок помеѓу 2 и 8 февруари.