Русите го запленија пентхаусот на Олена Зеленска на Крим

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Парламентот на Крим едногласно изгласа национализирање на имотот на украинските олигарси и политичари на полуостровот, а меѓу имотот е и луксузниот стан во сопственост на Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Пентхаусот со три спални соби на Зеленска на брегот на Црното Море во близина на одморалиштето Јалта е проценет на 800.000 долари. Купен е од тајкун во 2013 година за нешто помалку од 164.000 долари. Откако Зеленски победи на претседателските избори во април 2019 година, „Ројтерс“ објави дека платената цена била најмалку 50 отсто под пазарната цена.

Заплената дојде како одговор на законот воведен во Украина минатата година со кој се легализираше конфискацијата на имотот на руските граѓани и бизниси без надомест, соопштија властите на Крим.

„Добивката од продажбата на национализираниот имот, вклучително и пентхаусот на Олена Зеленска, ќе биде распределен на семејствата на руските војници убиени во нападот на Украина“, изјави претседателот на Собранието на Крим, Владимир Константинов.

Запленети се повеќе од 130 имоти, вклучувајќи кина, фабрики, трговски центри, винарии и банкарски структури. Минатиот февруари, парламентот на Крим, исто така, гласаше за национализирање на околу 500 имоти што им припаѓаат на украински политичари и бизнисмени.

Во национализацијата е вклучен и недвижниот имот на семејството на Володимир Зеленски во Ливадија, на јужниот брег на Крим, потсетува руската агенција РИА.

Слични содржини