Русите го запленија првиот естонски „робот“ во Украина, можат да ја копираат технологијата

од Nikola Popovski
925 прегледи

Според аналитичарите и фотографиите објавени на социјалните мрежи, две години откако истражувачкиот центар од руската одбранбена индустрија објави парична награда за запленување на беспилотното копнено возило од естонско производство кое функционира во Украина, се чини дека заплениле еден од роботите.

Претходно овој месец, руски Телеграм канали објавија слики за кои тврдат дека покажува тешко оштетен модел на возилото „THeMIS“, направен од „Milrem Robotics“ од Естонија и Обединетите Арапски Емирати.

Портпаролот на „Milrem“ одбил да го коментира случајот, велејќи само дека компанијата е запознаена со фотографиите, пренесува „Defence News“.

Федерико Борсари, научник во Центарот за анализа на европската политика со седиште во Вашингтон, изјавил за „Defence News“ дека возилото на сликата „многу личи на“ моделот „THeMIS“.

„Исто така, видлив е отпечатен дел од украинското знаме во горниот десен преден агол, што потврдува дека ова е еден од системите доставени во Киев“, рекол Борсари.

Московскиот Центар за анализа на стратегии и технологии (CAST) во 2022 година соопшти дека секој војник кој ќе го фати роботот „THeMIS“ ќе добие 1 милион рубљи или приближно 11.000 долари.

-Во февруари годинава наградата е зголемена на два милиони рубљи или речиси 22.000 долари, се вели во изјавата на директорот на центарот, Руслан Пухов за руските медиуми.

Што се однесува до наводите на Москва да стигне до возилото, Борсари вели дека технологијата не е особено чувствителна. Сепак, постојат одредени ризици, додал тој.

Аналитичарот истакнал дека во случај да има шифрирани податоци или зачувани информации во системите на возилото, тоа би можело да претставува непосредна закана за украинските оператори со потенцијално откривање на нивната локација.

Од февруари, „Milrem“ испорача 15 беспилотни возила „THeMIS“ во Украина, се вели во соопштението на компанијата од 11-ти јануари годинава. Директорите на компанијата соопштиле дека роботите се популарни за деминирање и мисии за транспорт на товар во погодената земја.

Слични содржини