Руската армија, соочена со сериозен недостиг на персонал, ги враќа тешко ранетите војници на бојното поле, вклучително и оние со патерици и со неодамнешните операции, јавува „Си-Ен-Ен“ врз основа на видео-записи и сведочења.
Снимките од украинските беспилотни летала и руските војници покажуваат војници на бојното поле со повреди на нозете, на патерици и со свежи завои. Во некои случаи, украинските беспилотни летала ги гаѓаат овие војници додека се обидуваат да избегаат користејќи патерици и стапови.
На видеото од јануари, објавено од украинската 59-та бригада во близина на стратешки важниот град Покровск, се гледа како руски војник со две патерици се движи кон засолниште. И покрај тоа што е бавен, се чини дека е свесен дека е нападнат од воздух. Дронот потоа фрла минофрлачка граната врз него.
На друго видео, снимено пред воената болница во рускиот град Јејск, се гледа ранет војник кој бил опериран ден претходно. Видно вознемирен и се обраќа на камерата: „Вчера имав операција! Што правите со мене? Погледнете ги мојата нога и рака!“.
На камерата потоа се гледаат други војници во возилото, сите со повреди, како се подготвуваат да се вратат на бојното поле.
Според еден западен функционер, ова е обид на руската војска да избегне поширока мобилизација, што може да предизвика отпор кај урбаните средни класи. Наместо тоа, ранетите се враќаат во борбени зони, и покрај нивната здравствена состојба.
Си-Ен-Ен разговараше со руски војник кој успеа да избегнел да се врати на фронтот. Откако бил ранет во борбите кај Вовчанск, накратко му била укажана помош и бил испратен на едномесечно закрепнување. Кога дознал дека ранетите се враќаат на бојното поле, побегнал од Русија.
„Во болница само ставаат маст и завој. Кога раната малку ќе зарасне, те враќаат назад“, рекол тој.
Elite Russian soldiers of the 20th Army, some on crutches, are heading out to carry out a combat mission. One of the special forces operatives even suffered an epileptic seizure.
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated.bsky.social) 2025-01-21T09:23:20.965Z
Според него, многу ранети во т.н „единиците за опоравување“ остануваат под надзор и не им е дозволено да ги напуштат единиците. „Ова е патување во еден правец. Ранетите се враќаат за да избегнат плаќање на отштета на нивните семејства. Ако нема тело, нема исплата“, рекол војникот.
Документите што ги пронашле украинските војници покрај загинатите руски војници во близина на Покровск вклучуваат медицински извештаи со детали за сериозните повреди на главата и телото на војниците кои биле вратени на бојното поле. Овој тренд, според украинските разузнавачки служби, е забележан во многу активни борбени зони во последните шест месеци.