Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборуваше за обвинувањата дека руски шпион ја украл „формулата“ на вакцината против коронавирусот АстраЗенека.
Песков рече дека британскиот таблоид „Сан“ е добро познат и по тоа дека не е научен труд.
Да потсетиме, денес во тој весник се појави вест дека руски шпион ја украл формулата за составот на вакцината АстраЗенека, па затоа формулата била искористена за да се направи Спутник В.
„Сан“ е добро познат и не е научен труд. Ова е веројатно нашиот став кон објавувањето на тој весник“, одговорил Песков, пренесува ТАСС.
Тврдењето на „Сан“ го објавија бројни британски весници, вклучувајќи ги Дејли Меил, Метро и други, а секретарот на британската полиција Демијан Хиндс не сакаше да одговори на прашањето дали тоа тврдење е точно, без да ги негира обвинувањата..
Безбедносни извори цитирани од „Дејли Мејл“ тврдат дека московски „крт“ успеал да украде тајни информации за вакцината – иако не е познато дали документот бил во лабораторија во Оксфорд или во фабриката на АстраЗенека, или шише вакцина и ги прошверцувал во земјата за понатамошна анализа.
Се вели дека „Спутник В“ е „сомнително сличен“ со вакцината на АстраЗенека развиена во Оксфорд.