Русите нудат голема парична награда за војниците кои ќе уништат западни тенкови

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Кремљ во средата ја поздрави понудата на руска компанија да „исплати награди“ на војниците кои уништуваат тенкови од западно производство на линијата на фронтот во Украина, додавајќи дека тоа ќе ги охрабри руските сили на победа.

Руската компанија „Фореспон“ оваа недела понуди пет милиони рубљи (72.000 долари) во готовина на првите војници кои ќе ги уништат или заробат американските тенкови Абрамс или германскиот Леопард 2 во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во средата изјави дека руските сили ќе ги „запалат“ сите западни тенкови доставени до Украина, додавајќи дека паричната награда е дополнителен поттик за руските војници.

„Ова сведочи за сечија сплотеност и желба да придонесат што повеќе, на еден или на друг начин, директно или индиректно, за постигнување на целите на специјалната воена операција. Што се однесува до тенковите, веќе рековме дека ќе изгорат. Со овие поттикнувања, мислам дека ќе има повеќе ентузијазам“, им рече Песков на новинарите.

Западните тенкови, многу понапредни од било што досега користеле Украина и Русија во конфликтот, веројатно нема да стигнат до линијата на фронтот во источна и јужна Украина во следните неколку месеци.

Слични содржини