За време на тестирањето на вакцината против коронавирусот „Спутник V“ врз деца, ќе се формираат четири возрасни групи, а дозата на вакцината ќе биде различна за секоја група, изјави директорот на Центарот Гамалеја, Александар Гинцбург.
„Кога ќе добиеме дозвола да ја тестираме вакцината Спутник V врз детската популација, тие најверојатно ќе бидат поделени во возрасни групи, на пример од 17 до 14 години, од 14 до девет, од девет и помали, па можеби дури ќе се поделат на четири групи. И во зависност од возрасната група, дозата ќе биде различна – колку се помали, толку ќе биде помала дозата на вакцината“, објасни експертот.
Тој исто така прецизираше дека други промени во составот на вакцината најверојатно нема да мора да се направат. Меѓутоа, ако назална вакцина се тестира кај деца пред да се тестира вакцината, таа форма на вакцина најверојатно ќе им се препорача на децата.
Да потсетиме, вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување Гамалеја во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.