434
Владата на Руската Федерација одобри листа на повеќе од 30 пријателски и неутрални земји, банки и брокери од кои ќе им биде дозволено да тргуваат на рускиот девизен пазар, како и на пазарот на деривати.
Наредбата ја потпишал рускиот премиер Михаил Мишустин, се наведува на веб-страницата на кабинетот.
Според владините материјали, на листата на такви земји се Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Алжир, Бангладеш, Бахреин, Бразил, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Катар, Кина, Куба, Малезија, Мароко, Монголија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Пакистан, Саудиска Арабија, Србија, Тајланд, Турција и Јужна Африка.