Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини Главната разузнавачка управа на министерството за одбрана на Украина дека стои зад експлозијата на мостот на Крим, што се случи на 8 октомври.
Како што се наведува во соопштението, во врска со нападот се приведени пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и Ерменија.
ФСБ објави фотографии од осомничените за нападот.
The FSB announced that it had detained eight suspects in the #CrimeanBridge bombing case, reports Meduza.
The #Russian authorities blame Kirill Budanov, head of the Main Intelligence Directorate of the #Ukrainian Defense Ministry for the attack. pic.twitter.com/Ne1aNRglqc
— NEXTA (@nexta_tv) October 12, 2022
Објавени се и видеа на кои наводно се гледа како се подготвува нападот.
ФСБ соопшти дека, заедно со Истражниот комитет на Руската Федерација, било утврдено дека организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим бил главниот разузнавачки оддел на министерството за одбрана на Украина, неговиот шеф Кирил Буданов, вработени и агенти.
Како што наведоа, експлозивната направа била камуфлирана во ролни полиетиленски фолија на 22 палети со вкупна тежина од над 22 тони, а на почетокот на август била испратена од пристаништето Одеса во бугарскиот град Русе. Во превозот на товарот учествувале државјани на Украина, Грузија и еден државјанин на Ерменија. Приведени се пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија, кои учествувале во подготовката на делото.