Русите повторно одат во Европа – три земји им се омилените дестинации

За Всеволод Ченцов, украински амбасадор во ЕУ овој тренд е загрижувачки и неговото занемарување би било „кратковидо и опасно“.

од desk2
27 прегледи Image by mguzmas from Pixabay

Руските туристи се повеќе ги посетуваат европските дестинации, пишува британскиот весник „Телеграф“ во својата анализа.

Најпопуларните дестинации за Русите се Франција, Италија и Шпанија. Овие три земји, членки на НАТО и ЕУ, и покрај воведените санкции за официјална Москва и руските бизниси, бвележат значителн пораст на руски гости.

Бројот на ноќевања на руските туристи во Италија и Франција пораснал за 19% во изминатата година. И двете земји, а пред сѐ Франција како предводничка на поддржувачите на Италија, сепак ги бранат „отворените граници“ за имотните руски туристи.

„Телеграф“ дошол до овие зачудувачки податоци анализирајќи податоци за хотелски резервации и резервации преку платформи како Booking.com и Airbnb и издадени Шенгенски визи.

За Всеволод Ченцов, украински амбасадор во ЕУ овој тренд е загрижувачки и неговото занемарување би било „кратковидо и опасно“. Тој е изненаден од порастот на издадени визи на руски државјани, со оглед на тоа дека веќе четири години се војува во Украина, а Русија е предмет на санкции.

Ченцов нагласува дека меѓу руското население има голема поддршка на војната и предупреди на растечката закана од руски кибер напади и хибридни активности против европските демократии.