Клиничко испитување на комбинацијата на вакцини „Спутник V“ и AZD1222 на компанијата „АстраЗенека“ ќе процени која од двете вакцини против коронавирус е подобра за првата вакцинација, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РППИ), Кирил Дмитријев.
– Ќе се тестираат два пристапа: првата вакцина може да биде британска, потоа руска и обратно. Клиничките испитувања наскоро ќе започнат во три земји на Заедницата на независни држави и на Блискиот исток. Дел од производството ќе биде во Русија, но, се разбира, ќе бидат вклучени и меѓународните производствени капацитети на компанијата „АстраЗенека“ – рече Дмитријев во емисијата на телевизискиот канал „Русија 1“.
– Сè ќе се заснова на резултатите од клиничките испитувања, за кои очекуваме да бидат поефикасни и дека овој пристап ќе покаже поголема од сегашната ефикасност на вакцината „АстраЗенека“ – додаде тој.
Според него, доколку заедничката вакцина е одобрена, таа може да се користи и во странство.
Денес, Институтот „Гамалеј“, РФПИ и фармацевтските компании „АстраЗенека“ и Р-Фарм потпишаа договор за соработка и имплементација на програма за клиничко истражување за проценка на комбинираната употреба на една од компонентите на вакцината „Спутник V“ и една од компонентите на вакцината AZD1222, развиенa од „АстраЗенека“ во соработка со Универзитетот Оксфорд.